Skoda произведе 100.000 електрифицирани iV автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Од Skoda објавија интересен податок за производство на јубилениот 100.000 електромобил од електрифицираното семейство iV. Јубилејното возило е претставник на 100% електричниот модел ENYAQ iV, кој е еден од трите формулации од iV семејството, заедно со PHEV хибриди SUPERB iV и OCTAVIA iV.

„За период од две години беа произведени 100.000 iV автомобили, а тоа поставува перфектен старт на нашата компанија за електрична мобилност“, велат од Skoda Auto.

Од Skoda исто така споделуваат дека електрифицираното семејство iV ќе биде зголемено со минимум уште три целосно електрични пазарни понуди до 2030 година, кои ќе бидат позиционирани и како димензии и како цена под ENYAQ.

Во зависност од соодветниот равој на одделните пазари, Skoda Auto прeдвидува целосно електричните автомобили да формираат меѓу 50 и 70% во вкупните продажби на брендот во Европа.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK