Sкоda Motorsport одбележа 120 години тркачка активност со серијата FABIA Rally2 evo

ОБЈАВЕНО НА:

Од Skoda Motorsport објавија дека во чест на 120 години од тркачката активност, на Skoda Auto ќе се појави лимитирана серија Edition 120 на тркачкиот автомобил FABIA Rally2 evo.

Skoda Fabia Rally2 evo Edition 120 ќе биде произведена во тираж од само 12 примероци, а секој од нив ќе биде со спецификација 2021 година на рели возило, а опремата ќе биде надградена со дополнителни елементи, како комплет изработен од зелени магнезиумски тркала, специјална боја и ексклузивни додатоци. Во тој дел ќе има и дополнителен LED блок и LED фарови.

Секој од идните сопствeници на Skoda Fabia Rally2 evo Edition 120 ќе може да смета и на тематски мрежни перформанси за транспорт на ситни предмети, вреќи за вода и течности, безбедносни ремени, модел на автомобилот во размер 1:18, ранец и друго.

„Ограниченото производство на Skoda Fabia Rally2 evo Edition 120 е all-inclusive верзија на обновениот автомобил 2021. Со пакетот на подобрени елементи, таа нуди не само дополнително развиена верија на шампионскиот автомобил. Со екслузивните елементи, ограничената Edition 120 е исто така вистински автомобил за колекционери“, споделуваат од Skoda Motorsport.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK