Skoda Kodiaq изброи до 600.000, но продолжува и понатаму

ОБЈАВЕНО НА:

Од Skoda Auto објавија дека производството на најголемиот СУВ на брендот лансиран на пазарот во 2016 година, Kodiaq ја достигнал границата од 600.000 примероци.

Kodiaq го постави почетокот на СУВ офанзивата на Skoda и после повеќе од 40 меѓународни награди и постигнувња вклчително и рекордот за најбрз автомобил со седум седишта на легендарнта писта Нирбургринг, во моментов брендот може да се пофали со еден од најкомплетните и најразновидните СУВ семејства на пазарот. Истите формираат околу 40% од вкупната продажба на Skoda Auto на глобално ниво.

Производството на Kodiaq старуваше во октомври во 2016 година, а во моментов најголема побарувачка на моделот има во Кина каде што се нуди и специјално развиена на локалниот пазар негова верзија, Kodiaq GT.

Во моментов во СУВ семејството на Skoda фигурираат Kodiaq, Karoq и Kamiq, целосно електричниот Enyaq iV, а само пред неколку дена брендот го претстави и првиот автомобил развиен специјално за инфискиот пазар – Kushaq.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK