Skoda ја збогати понудата на Scala со уште еден мотор

ОБЈАВЕНО НА:

Чешкиот производител Skoda ја збогати понудата на хечбекот Scala со уште еден мотор, една година по премиерата.

Станува збор за 1,0 литарски бензински мотор со три цилиндри и SE технологија. Според официјалните податоци, овој мотор продуцира максимални 95 КС и 175 Nm.

Засега, овој мотор ќе биде достапен само со пет степен мануелен менувач и неколку нивоа на опременост, во зависност од пазарот.

Ова е трет бензински мотор во понудата откако претходно беа воведени 1,0 литарскиот со 115 КС, 1,5 литарскиот со 150 КС. Во понудата уште се наоѓа 1,6 литарскиот дизелски мотор со 150 КС.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK