Skoda го враќа Rapid под името Slavia?

ОБЈАВЕНО НА:

Во јули минатата година група практикани во Skoda кои беа дел од школата на чешкиот производител во Млада Болеслав, објавија концепт со отворен покрив.

Овој концепт кој во својот дизајн потсетува на Scala, беше именуван како Slavia, а сега, по речиси шест месеци овој назив повторно се актуелизира. При тоа не се поврзува со овој концепт туку со наследникот на Skoda Rapid.

Skoda Rapid во понудата на чешкиот производите беше воведен во 2012 година и се до 2019 година се произведуваше во Чешка, пред истиот да биде заменет со Scala во понудата. Rapid продолжи да се произведува и продава во Русија и Кина, но сега се погласни се шпекулациите за негов наследник.

Станува збор за целосно нов модел кој би можел да се појави уште кон крајот на оваа година, но не подоцна од првиот квартал следната година. Истиот ќе биде наменет за земјите лоцирани на Истокот на Европа, Балканскиот Полуостров, Блискиот Исток и земјите од поранешен СССР.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK