Skoda бара работници од Балканот

ОБЈАВЕНО НА:

Брзиот развој на автомобилската индустрија во Чешка и Словачка каде во моментов оперираат бројни автомобилски производители придонесе да овие земји се соочат со недостаток на работа сила. Оттука производителите во овие земји прават напори за обезбедување на работна сила од останатите европски земји, пред се оние нискоразвиени во Европската Унија, но и останатите надвор од ЕУ.

Последниот пример за ова доаѓа од Хрватска каде хрватските медиуми пренесоа дека на сајтот за вработување на хрватскиот завод се појавил оглас за вработување во фабриката на чешкиот производител.

Во огласот се најавува дека вработените не требаат да имаат големо работно искуство, но и дека образованието воопшто не е важно. Не е потребно ниту познавање на чешки јазик. Она што е допрецизирано во огласот е тоа дека се работи три смени и бруто платата изнесува 1.000 евра месечно.

Чешкиот производител ќе им помогне на потенцијалните вработени околу сместувањето со тоа што ќе го кофинансира истото, а вработените добиваат и 25 денови годишен одмор.

Според последните информации, невработеноста во Чешка изнесува 2.3% и со оваа стапка на невработеност се наоѓа на третата позиција во Европа зад Белорусија и Монако. Оттука, вo последните години оваа земја е честа дестинација на многу странци, особено од Источна Европа и Балканскиот Полуостров.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK