Скандалот со воздушните перничиња продолжува – се повлекуваат уште 2,7 милиони автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Скандалот поврзан со Таката воздушните перничиња продолжува. Откако изминатите година дена бројни јапонски производители повлекоа милиони возила, повлекувањето продолжува.

Honda сега соопштува дека ќе започне со повлекување на 2,7 милиони автомобили, најголем дел од нив, 2,4 од САД како и околу 300 илјади од Канада.

Во соопштението на јапонскиот производител се наведува дека автомобилите се од моделот Acura, произведени во периодот од 1996 па се до 2003 година. Проблемот лежи во неисправните пумпи на воздушните перничиња кои може да доведат до неправилно работење односно нивна ненавремена активација.

Со цел поефикасно повлекување, Honda јавно ги повика сите сопственици на спортните возила да се пријават до најблискиот продажно-сервисен центар.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK