Сите нови модели на Honda со услуги на Google

ОБЈАВЕНО НА:

Северноамериканскиот оддел на Honda објави дека како резултат на постигнатиот договор со Google, сите нови модели на брендот кои ќе бидат лансирани на пазарот во втората половина од следната година ќе располагаат со интегрирани услуги на софтверскиот гигант.

Honda и Google соработуваат од 2015 година, а од 2016 година автомобилскиот бренд ја доби функцијата Android Auto со пилотска интеграција во водечкиот Accord.

Со новиот договор, Honda ветува дополнителен развој на корисничкиот интерфејс, директна интеграција на услугите на Google, вклучувајќи го и гласовниот асистент (Google Assistant), Google Maps, како и онлајн платформата Google Play.

Од Honda коментираат, дека после почетокот на интеграцијата на услугите на Google во Северна Америка тие постепено е станат достапни и за другите клиенти на брендот ширум светот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK