Сите 49.000 работници на GM во штрајк!

ОБЈАВЕНО НА:

Повеќе од 49 илјади работници вработени во една од најголемите американски корпорации General Motors започнаа штрајк откако пропаднаа преговорите помеѓу компанијата и синдикатот.

Како што пренесуваат американските медиуми, работниците ги затвориле сите 33 производствени погони лоцирани во САД како и 22 магацини за делови.

Засега не е познато до кога ќе трае штрајкот, но истиот доаѓа откако компанијата не ги прифати условите за работење барани од страна на работниците. Синдикатот смета дека сегашните, но и понудените услови во новиот четиригодишен договор се далеку од оние кои тие ги бараат.

Од друга страна од General Motors објавија дека во новиот договор они понудиле речиси седум милијарди американски долари за зголемување на платите, но истите не се прифатени од синдикатот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK