Системот за автоматско запирање ги плаши возачите

ОБЈАВЕНО НА:

Новитетите во автомобилите секојдневно го олеснуваат возењето, но дали и на практика е така. Системот за автоматско запирање може да го забави или целосно да го запре автомобилот за да се избегне судир, но понекогаш таа функција има спротивен ефект, со оглед на тоа што значително се намалува довербата на возачот на автомобилот.

Ваквите системи кои му помагаат на возачот, како држење на автомобилот во одбраната лента за движење, адаптивна круз контрола и автоматско запирање се прокеитрани да ги направат автомобилите побезбедени.

И покрај тоа статиката покажува дека современите автомобили понекогаш имаат способност да запираат сами, дури кога нема ризик од суди. Во последните три години Американската администрација за безбедност на движење добила нд 400 жалби од сопствениците на Honda, Nissan, Volkswagen и други брендови против системот за автоматско запирање.

Речиси сите жалби биле поради фактот дека автомобилите неочекувано применуваат автoматско запирање без апсолутно никаква причина, а по правилот тоа се случува при движење по магистрала со висока брзина. Други, пак, тврдат дека автоматското запирање не работи во случај на реална опасност.

Поради неправилната работа на системот, 14 возачи загубиле контрола и доживеале несреќа, додека други 18 настрадале од друг автомобил кој ги удрил одзади. Во сите жалби се посочува едно нешто, а возачите тврдат дека системот за автоматско запирање ги плаши и ги лишува од довербата во автомобилот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK