Што сакаат жените да возат- какви автомобили претпочитаат?

ОБЈАВЕНО НА:

Жените се познати по својата пребирливост кога купуваат облека, но слична е ситуацијата и кога се во прашање автомобилите. Тие имаат свои омилени возила така што во групата на автомобили кои најчесто зад воланот имаат дама се најдоа две возила од Оpel и едно од Fiat.

Се работи за автомобилите Opel Adam, Opel Karl и Fiat 500. Сите имаат над 60 проценти жени сопственици. Mini се наоѓа пред другите брендов на автомобили со 53 проценти на женски возачи. Како цело моделите со највисок дел на жени меѓу осигурителните компании се исклучително мали или микро автомобили.

Ситуацијата изгледа поразлично во горната класа и во горната средна класа. Делот на моделите Mercedes E-Class и BMW од сериите 5,7 и 4 е само 17 проценти.

При офроуд бренд автомобилите Porsche има најнизок удел на жените – 20 проценти, а пред него се Jeep и BMW (и двете по 25 проценти). Во целост жените возат доста поевтини автомобили. Стартната цена на нов автомобил кај жените е 20.409 евра, што е за 20 проценти под тие за мажите 25.466 евра.

Разликите во преференциите меѓу двата пола при одлуката за купување на даден модел веројатно делумно се должи на преференциите за видот на автомобилот, според експертите од Verivox. Понискиот прихот на жените и фактот дека жените со поголема веројатност си дозволуваат и го осигуруваат помалиот втор автомобил во семејството исто така има улога.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK