Што е Volkswagen GTX?

ОБЈАВЕНО НА:

Германскиот производител Volkswagen подготвува дополнителни новости во својата електрична офанзива. После дебито на електричното ID семејство, VW планира воведување на дополнителни ознаки за своите EV модели.

Volkswagen ја избра сериската ознака GTX за својата најсилна верзија на електричните модели.

Првиот кој би можел да ја добие оваа ознака е серискиот кросовер-купе Crozz кој најверојатно ќе се вика ID.5 GTX во најмоќната варијанта.

На тој начин GTX ќе се приклучи на „спортското“ одделение на Volkswagen покрај ознаките GTI, GTD и GTE кои се резервирани за бензинците, дизел и хибридните верзии со високи перформанси. Додека е јасно дека буквите GT ја следат споменатата сериска озната, „X“ ќе означува погон на сите четири тркала.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK