Што доби Дедо Мраз за подарок за Нова Година?

ОБЈАВЕНО НА:

Иако главната активност на Дедо Мраз е да дели подароци, шведскиот производител Koenigsegg се одлучи да му се оддолжи за неговата добрина и несебичност и да создаде совршен подарок за него.

Така овој релативно нов производител од Шведска за потребите на Дедо Мраз создаде автомобил-санка кој се базира на Agera RS.

Креатор на овој дизајн е Марчело Раели кој својата креација ја објави на Instagram каде напиша дека овој дизајн го направил многу брзо, од забава и во празничен дух.

Иако ова е само рендер, сепак авто ентузијастите веднаш започнаа да фантазираат околу овој модел. Така овој модел би имал максимални 1.160 КС и 1.280 Nm. Би се движел благодарение на 5.0 литарскиот V8 турбо мотор, а во комбинација би дошол и со електро мотор.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK