Семејството на Tipo се зголемува – пристигнува Tipo Cross

ОБЈАВЕНО НА:

По хечбек, седанската и караванската изведба, семејството на Tipo наскоро ќе биде збогатено со Cross изведбата. На интернет веќе и се појави фотографија од оваа изведба на која е видлив зголемениот клиренс.

Засега не се познати техничките карактеристики и дополнителните детали. Она што е за очекување, овој модел да биде понуден со истите мотори како и актуелните изведби на Tipo достапни во моментов. Дополнително, оваа изведба би можело да биде достапна и со plug-in хибриден погон.

Оваа изведба треба да се појави кон крајот на оваа или почетокот на следната година, а со овој модел италијанците ќе им конкурираат на Ford Focus Active и Kia XCeed.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK