Секоја втора казна во Скопје е за брзо возење

ОБЈАВЕНО НА:

Зачестените контроли на сообраќајната полиција покажуваат дека учесниците во сообраќајот се уште доволно не ги почитуваат правилата, па затоа и секојдневно бројот на казнети е троцифрен. И останува навиката да се вози брзо.

На територија на Скопје во текот на вчерашниот ден биле изречени 199 санкции за сообраќајни прекршоци од кои 100 се за брзо возење и 20 за возење без возачка дозвола. Тоа значи дека секој втор возач што бил казнет било за возење со брзина повисока од дозволената.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека 14 возачи возеле под дејство на алкохол, петмина користеле мобилен телефон и тројца немале сигурносен појас додека возеле. Санкции се изречени и за еден возач кој поминал на црвено светло, како и за 29 возачи кои непрописно ги паркирале возилата. Санкционирани се и седум возачи на нерестрирани возила.

МВР постојано апелира на почитување на сообраќајните правила и прописи, но засега тоа не дава драстични резултати. Секако, внимавајте кога возите, почитувајте ги прописите и возете безбедно.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK