Секој автомобил со „црна кутија“ после 2022 година

ОБЈАВЕНО НА:

Европската унија веќе ги предупреди производителите на автомобили за тоа дека се обврзани во новите автомобили да постават неколку нови системи за безбедност. Од мај 2022 година, сите произведени нови автомобили во Европската унија треба да бидат опремени со интелигентни ограничувачи на брзината. Покрај тоа тие треба да добијат и „црна кутија“ (како кај авионите), а исто така и видеорегистратор.

Идејата за поставување на „црни кутии“ (систем EDR) кај  новите автомобили е присутна веќе неколку години. Со нивна помош ќе може да се разбере сè, што се случува за време на возењето и ова е особено важно при истрага на несреќата. Тие ќе бидат поврзани со воздушните перничиња и ќе снимаат податоци за брзината, запирањето, локацијата на возилото и работата на електронскиот асистент.

Експерти посочуваат дека воведувањето на оваа технологија е следен чекор кон автономните автомобили. Од Европската комисија се категорични дека доверливоста на системот EDR е загарантирана бидејќи нема да ги чува ниту регистрациските броеви, ниту идентификациските податоци туку само податоците за возење. При несреќа ќе се запишуваат и настаните што се случиле подоцна.

Според прописите, сите нови автомобили кои ќе бидат продавани од мај 2024 година во Европската унија треба да располагаат уште и со детектор, кој го следи заморот на возачот и за одлекување на вниманието, асистент кој се активира при одвлекувње на вниманието, автоматско активирање на сигнал при хавариско запирање и тестер за алкохол, поврзан со стартерот.

Новата регулатива стапува на сила од 6 јули во 2022 година, што значи дека автомобилските производители ќе имаат околу 2 години за да се подготват за поставување на овие системи и технологии во своите автомобили.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK