SEAT го тестира најголемиот и најефикасен камион

ОБЈАВЕНО НА:

Голем и ефикасен. Тоа се двата епитета што му се придодаваат на Duotrailer, најефикасниот камион кој во моментот го тестираат Seat и Grupo Sese. По првиот пилот-тест во чиј рамки овој камион патуваше од Сарагоса до Марторел, вработени во двете компании ги анализираат резултатите, а како што велат од таму овие тест возења ќе се повторат во наредните месеци.

Duotrailer името го доби токму поради двете приколки кои ги влече. Истите се долги по 13.60 метри, а заедно со кабината се достигнува должина од 31.70 метри што го вбројува овој камион меѓу најдолгите на светот. Максималната носивост изнесува одлични 70 тони.

Она што го прави овој камион поразличен од другите е ниското ниво на CO2 кое е намалено за 20% во однос на останатите камиони и по економичноста која се огледа на тоа што транспортните трошоци за една тура се намалени за 25%.

“Duotrailer има капацитет со кои може да се намали до 50% од бројот на камиони на патиштата, а сето тоа има дава голем бенефит за одржливоста, околината, одговорноста, безбедноста и ефикасноста. Иновацијата како важна вредност на SEAT со сите овие тестови има за задача да не придвижи кон создавање на мега камион во Шпанија во наредните две години и сето тоа во партнерство со Grupo Sese” изјави Кристијан Волмер, вице претседателот за производство и логистика на SEAT.

Своето задоволство во однос на овој проект го искажа и Анхел Пуејо, директор на Grupo Sese кој ја потенцираше придобивката од редуцирање на транспортните трошоци, сообраќајните незгоди како и ниската емисија на штетни гасови.

Целосната комерцијализација на ова т.н. транспортно решение се очекува да се случи во наредните две години.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK