Се зголемува цената на бензинот – дизелот со стара цена

ОБЈАВЕНО НА:

Од ноќеска на полноќ малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат половина денар за литар.

Малопродажната цена на „евродизел“ (Д-Е V) не се менува, односно останува на исто ниво од 49,50 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,365 денари/килграм и ќе изнесува 26,196 денари/килограм.

Од 10.11.2020 година максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

– моторен бензин „евросупер БС-95“ – 58,50 (денари/литар)
– моторен бензин „евросупер БС-98“ – 60,50 (денари/литар)
– дизел-гориво „евродизел БС“ (Д-Е V) – 49,50 (денари/литар)
– масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 49,50 (денари/литар)
– мазут М-1 НС – 26,196 (денари/килограм)

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK