Се зголемува семејството 500 – пристигнува 500X Cabrio

ОБЈАВЕНО НА:

Fiat и натаму се решава да инвестира во она што најмногу се продава, а тоа е моделот 500. Овој мал градски автмобил повеќе од една деценија е двигател на продажбата на Fiat генерирајќи повеќе од 50% од истата.

На актуелните модели 500, 500е и 500X наскоро ќе им се приклучи уште еден, 500X cabrio.

Како што кажува и самото име, станува збор всушност за кабриолет изведба на веќе постоечкиот модел 500X. Оттука, се очекува дизајнот да е целосно идентичен како и постоечкиот овој модел, а единствена разлика ќе биде кровната конструкција.

Се очекува производството на овој модел да стартува во текот на првиот квартал следната година, а премиерата се очекува да се случи до крајот на годинава.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK