Се враќаат зглобните автобуси во Скопје!

ОБЈАВЕНО НА:

Во Скопје во иднина повторно ќе сообраќајат зглобни автобуси, кои сега ќе бидат еколошки односно на компримиран гас CNG. Меѓу новите автобуси ќе има зглобни кои повторно ќе возат по улиците. Вкупната сума за набавка на автобуси ќе биде 12 милиони евра.

Одлуката за набавка на ваков тип автобуси во Градот ја донеле по спроведените тест возења на 3 различни модели на автобуси на гас и еден електричен автобус во текот на минатата година. Резултатите од тест возењата покажале дека ваквиот тип на автобуси се еколошки, енергетски ефикасни и економски исплатливи и речиси и да не го загадуваат воздухот, потрошувачката на гориво им е сведена на минимум, а се релативно евтини за одржување.

Градот денеска потпиша Договорот со Европската Банка за обнова и развој (ЕБОР) за заем во вредност од 10 милиони евра за набавката на нови еко автобуси на гас во Скопје. За оваа цел ќе бидат обезбедени и дополнителни 1,8 милиони евра од Јавното сообраќајно претпријатие и грант од 1,1 милион евра за техничка соработка при подготовката на проектот. Со потпишувањето на овој договор и официјално почнува постапката за набавка на овие автобуси со кои значително ќе се подобри функционирањето на јавниот транспорт на патници во главниот град.

– Ова е прва набавка на автобуси за Јавното сообраќајно претпријатие ЈСП Скопје после 7 години што претставува релативно долг временски период кога е во прашање обновата на возниот парк на ЈСП. Очекувам дека од крајот на оваа, најдоцна почетокот на идната година по скопските улици ќе се возат нови еко автобуси на еколошко гориво, со CNG технологија на компримиран гас со ЕУРО 6 стандард на загадување. Овие автобуси ќе ги исфрлат од употреба старите дотраени дизел автобуси на ЈСП, со ЕУРО 2 стандард, без клима и дополнителна опрема. Голем дел од автобусите ќе бидат нископодни зглобни – дводелни, а преостанатите ќе бидат нископодни единечни. Зглобните автобуси ја имаат таа предност што имаат капацитет да превезуваат речиси двојно повеќе патници од двокатните и многу побрзо патниците да влегуваат и излегуваат од автобусите, со што ќе се намали времето потребно да се стигне до конкретна дестинација во градот – изјави Шилегов.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK