Се уште сакаат повеќе бензинци: Пад на продажбата на електрични автомобили во САД

ОБЈАВЕНО НА:

Изненадувачки пад на продажбата на електрични автомобили е забележан во САД минатата година.

И покрај трендот на зголемување на продажбата и се поголемата популаризација, во САД минатата 2019 година се продадени 325 илјади електрични и хибридни автомобили. Тоа претставува пад за цели 6,8% во споредба со 2018 година кога во понудата во САД беа достапни далеку помалку електрични автомобили.

Американските аналитичари се едногласни околу причината за оваа продажба. Тие сметаат дека најголемо влијание имала ниската и стабилна цена на бензинот како и високите цени на електричните автомобили.

Најголем победник во САД минатата година во сегментот на електрични автомобили излезе Tesla кој забележа голем процентуален пораст додека Jaguar, Hyundai, Audi и Kia забележаа благ пад.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK