Се разработува план: BMW подготвен за Х8

ОБЈАВЕНО НА:

Раководството на компанијата BMW работи на планот за производство на ново теренско возило. Станува збор за Х8, кој може да ја преземе улогата на нов предводник, позициониран дури и над веќе потврдениот Х7.

Засега разговорите и плановите се на самиот почеток, а прво Баварците ќе треба да го истражат пазарот и да проценат дали такво возило би имало смисол од финансиска гледна точка.

Интересното е тоа што според информацијата на BMW Blog, ако Х8 добие зелено светло за производство, моделот нема да претставува само купе-СУВ верзија на претстојниот Х7, како што е случајот со Х2, Х4 и Х6.

Во теорија, Х8 треба да ја зачува класичната линија на СУВ на покривот, но да предложи нов луксуз во кабината. Целта е моделот да се најде како конкуренција за Maybach GLS, кој Daimler ќе го пушти во продажба во скоро време.

Уште едно прашање во смисол на моделот го поставува и фактот што BMW веќе го потврди лансирањето на супер-луксузната верзија на Х7, која ќе располага само со четири седишта во внатрешноста.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK