Се разоткрива мистеријата – нови фотографии од новиот Defender

ОБЈАВЕНО НА:

Полека, но сигурно се разоткрива мистеријата околу новиот Land Rover Defender. Во пресрет на премиерата закажана за во септември, на саемот за автомобили во Франкфурт се почесто се појавуваат фотографии од се помалку маскираниот Defender.

На интернет се појави фотографија од страничниот изглед од кои и не може многу да се открие околу целосниот дизајн, но може да се забележат некои традиционални елементи.

Иако уште пред некој месец се појави фотографија од внатрешноста, motor1 објави уште една на која се гледа црниот ентериер. Од она што може да се забележи, внатрешноста е далеку различна од актуелните екстериери кај моделите од моменталната понуда.

Ова всушност е најава за новата генерација на кокпит кој ќе заземе место и во останатите модели. За разлика од повеќето модели најавени за наредниот период, овој доаѓа со релативно помал мултимедијален екран кој е централно поставен.

Land Rover Defender

Во продажба се очекува да се појави во 2020 година, а по подолго време овој модел ќе биде понуден и на американскиот пазар. Цената останува непозната и истата се очекува да биде откриена по премиерата на саемот во Франкфурт.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK