Се распродава имотот на Застава

ОБЈАВЕНО НА:

Некогаш вистински гигант, а сега e на работ на амбисот. Некогашнаа југословенска гордост Zastava Kamioni, сега оди на целосна распродажба.

Српските медиуми го пренесуваат огласот на стечајниот управник кој во јавноста ја објави првата продажба на имотот на оваа компанија која некогаш беше дел од Zastava Kragujevac.

Најпрво се продава земјиштето од 30 илјади метри квадратни чија почетна цена изнесува 240 милиони српски динари. Се продаваат и други најразличи објекти.

Zastava Kamioni е основана во 1953 година, а од 2018 година е во банкрот. Низ историјата оваа компанија произведувала најразлични камиони за потребите на ЈНА и другите државни институции, но и многу други камиони за широка намена по лиценца на бројни производители.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK