Се продава Lamborghini Countach со поминати 135 км

ОБЈАВЕНО НА:

Супер автомобили од 80-тите и 90-тите години со малку поминати километри се вистинска реткост поради што нивната продажба секогаш предизвикува голем интерес. Еден таков автомобил е и Lamborghini Countach кој е еден од најбараните спортски автомобил.

Еден од само 617 досега произведените примероци се најде на продажба во Канада, а она што предизвикува интерес е тоа што има поминато само 135 километри. При тоа продажната цена изнесува 799 илјади канадски долари односно 520 илјади евра.

Countach ѕа прв пат се појавува во 1970 година. Инспирацијата Марцело Гандини и Паоло Станцани во дизајнирањето на овој автомобил ја добиле од концептот Lancia Stratos Zero. Четири години подоцна овој модел влегува во сериско производство, а се до 1990 година произведени се вкупно 2.049 примероци.

Моделски наследник на овој модел е Lamborghini Diablo.