Се продава Ford GT со помалку од 1.000 километри

ОБЈАВЕНО НА:

Несекојдневен оглас се најде на интернет. Се продава Ford GT и тоа со поминати помалку од илјада километри. Сопственикот наведува дека овој модел е произведен во 2006 година, а е лакиран со Mark II Black боја. Овој примерок е само еден од 292 произведените и доколку сакате да биде ваш ќе мора да искеширате 325.500 евра.

Автомобилот е во одлична состојба, како во внатрешноста така и во надворешноста, а како и не би кога има поминато помалку од илјада километри. Ги поседува сите оригинални делови, вклучително и патосниците па дури и оригиналните Ford стикери.

Во последните неколку месеци се почести се аукциите на кои централно место зазема овој модел. Во јануари годинава примерок од овој автомобил беше продаден за 1,2 милиони евра, а неколку месеци претходно и за 1,8 милиони евра.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK