Се појавија фотографии од внатрешноста на новата Skoda Octavia

ОБЈАВЕНО НА:

По премиерата на Scala, чешкиот производител Skoda работи на следниот свој модел. Станува збор за новата генерација на култната Octavia која веќе се тестира на неколку локации низ Европа.

Иако нема засега никакви потврдени информации, чешкиот сајт Auto.cz објави шпиунски фотографии од внатрешноста на новата генерација од моделот Octavia.

Од фотографиите може да се забележи дека внатрешноста е идентична како и кај моделот Scala.

Å koda Octavia

Инаку некои медиуми, повикувајќи се на извори од Volkswagen Групацијата пишуваат дека новата Octavia ќе ја има истата технологија како и кај новиот VW Golf 8, а тоа значи дека покрај бројните системи за безбедност и сигурност, на располагање Octavia ќе има лесни хибридни системи во секоја варијанта со ДВГ. Се предвидува и plug-in хибридна верзија, но таа ќе се појави подоцна за време на развојниот циклус на моделот.

Во однос на премиерата на новата генрација постојат повеќе можни датуми. Некои сметаат дека тоа ќе биде септемврискиот саем во Франкфурт, а повеќето пишуваат дека тоа ќе се случи по премиерата на новиот Golf.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK