Се појавија фотографии од GR изведбата на новиот Yaris

ОБЈАВЕНО НА:

Во октомври, Toyota ја претстави новата генерација од моделот Yaris при што веднаш ја најави и спортската GR изведба.

Иако премиерата на оваа спортска изведба требаше да се случи на средината на минатиот месец на трка во Австралија, сепак поради пожарите истата беше одложена.

Во пресрет на премиерата закажана за на 10 јануари следната година на саемот за автомобили во Токио, на интернет се појавија и првите шпиунски фотографии од оваа изведба.

Од достапните фотографии може да се види дека GR изведбата доаѓа со изменет преден и заден браник како и спојлер на задниот дел. Тука се и новите спортски алуминиумски бандажи како и ретровизорите со кутија во црна сјајна боја.

Секако, GR изведбата ќе дојде и со помоќни мотори во споредба со основната изведба.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK