Се појави првата фотографија од Ferrari 812

ОБЈАВЕНО НА:

Во јули годинава беше најавено доаѓањето на Ferrari 812 Spider, но пред официјалната премиера на саемот во Франкфурт се појави и првата фотографија.

Италијанскиот производител веќе ја одржа премиерата која беше од затворен тип и пред само неколку лица, но еден од присутните успеа да направи фотографија од премиерата.

Сите технички карактеристики вклучувајќи ја и цената ќе бидат обелоденети на саемот во Франкфурт. Она што се знае е дека погонот е позајмен од основната 812 изведба. Тоа значи дека ќе располага со 6.5 литарски V12 кој располага со 588 kW односно 800 КС при 8.500 обртаи во минута.

Оттука до 100 км/ч ќе забрзува за 2.9 секунди додека пак максималната брзина која може да ја постигне ќе изнесува 340 км/ч.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK