Се појави и новото BMW X6

ОБЈАВЕНО НА:

Со помош на интернет порталите многу брзо беше раширена една фотоградија која го покажува новото BMW X6 кое е трета генерација на спортскиот луксузен кросовер X6. Како што се очекуваше од дизајнерска гледна точка Германците немаат направено радикални промени.

Поголем дел од измените и новите работи кои се воведени се блиски до тие на новото Х5. Така на пример, решетката на ладилникот е со зголемени „бубрези“, а задните браници се повеќе надуени.

Одзади светлата се потенки. Новата форма на стоп светлата е позајмена од новото Х4. Сè уште Баварците го немаат откриено внатрешниот дел од автомобилот, но тој тешко дека ќе се разликува многу од новиот Х5.

Ова означува појава на виртуелната инструмент табла, како и огромен 12,3 инчен сензорен екран. Уште во основното исполнување ќе биде вклучен системот за полуавтономно управување.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK