Се „пофали“ со своето BMW па полицијата му го одзема

ОБЈАВЕНО НА:

Еден 40 годишен Германец од Кајзерслаутерн остана без своето скапоцено BMW i8 откако локалната полиција му го заплени. Причината за ова е тоа што тој буквално лудувал со автомобилот возејќи и 200 км/ч.

Интересен е начинот на кој бил фатен. Имено додека ги покажувал своите вештини и капацитети на автомобилот тој истовремено се снимал па потоа со видеото се пофалил на социјалните мрежи.

Сепак полицијата за видео снимката му изрече парична казна, но откако дошле во контрола го забележале автомобилот BMW i8 со бројни модификации. Најголем дел од истите биле незаконски па поради тоа автомобилот е конфискуван.

Дополнително, сопственикот остана и без возачка дозвола.