Се подготвува новата Skoda Fabia – еве како би можело да изгледа

ОБЈАВЕНО НА:

Инжинерите и дизајнерите во Skoda во моментов работат на новата, четврта генерација од моделот Fabia. Иако нема официјални рендери, AutoExpress објави ексклузивни од изгледот на новата генерација.

Од овие фотографии може да се забележи дека формата и натаму е задржана, но со нова предна маска и светла како и нови задни светла во C обликот.

Како конкурент на Renault Clio, Peugeot 208, Opel Corsa и Toyota Yaris, овој модел на јавноста ќе биде претставен во текот на следната година, а производството ќе стартува во 2021 година.

Škoda Fabia

Првата генерација на овој модел беше лансирана во 1999 година, а актуелната трета е претставена во 2014 година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK