Се плашат од шпиунирање: Кина не сака странски автономни возила

ОБЈАВЕНО НА:

Најмногубројната нација во светот, Кина е најголемиот светски автомобилски пазар, но во оваа земја не сакаат автомобили кои се од странско производство и се со самовозечка технологија.

Иако Кина има одлична сообраќајна инфраструктура и овозможува иделни услови за возење, сепак, густо населените градови имаат проблеми со сообраќајните колапси. Затоа излезот од ова се гледа во возилата на автоматски погон, но и тука има проблем.

Според пишувањето на Financial Times, официјалните лица од Кина се плашат податоците од камерите со висока резолуција, од радарите и од GPS уредите на автоматските автомобили би можеле да бидат закана за националната безбедност. Со други зборови, Кинезите се плашат дека автомобилите од странските производители би можеле да ги шпиунираат, па од таа причина воведуваат рестрикции во програмот автоматско возење.

Засега луѓето од власта во Кина се недостапни за медиумите по оваа тема.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK