Sandero Stepway Escape само во 400 примероци

ОБЈАВЕНО НА:

Романскиот бренд кој функционира во рамките на Renault Групацијата, на актуелниот саем во Париз ја претстави специјалата Dacio Sandero Stepway серија именувана како Very Limited Edition. Во рамките на оваа серија Dacia претстави три модели и тоа Blue Night, Evolution и Escape.

Овие три модели произлегуваат од наградниот натпревар кој Dacia го спроведе од 6. до 25. јули, а најдобрите три дизајни беа претставени на изминатиот саем во Париз. Токму на овој саем посетителите и фановите на Dacia имаа можност да го изберат најдобриот од трите дизајни.

Во изборот на најдобриот дизајн гласаа нешто над 100 илјади луѓе, а со околу 38 илјади гласови победата припадна на т.н. Escape дизајн. Сега од Dacia се одлучија да го произведат овој модел, а при тоа наведуваат дека ќе бидат произведени само 400 примероци.

Оттаму додаваат дека овој модел ќе биде достапен од следната година, а покрај украсните мотиви на каросеријата, на екстериерот се испишани и буквите од називот на дизајнот – ESCAPE. Останува непозната цената на овој модел.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK