Само за најбрзите – електричниот Dacia Spring за само 10.925 евра

ОБЈАВЕНО НА:

Само неколк уденови откако романскиот прозиводител Dacia официјално го претстави првиот електричен модел, авторизираниот дистрибутер за Унгарија ја објави цената на овој модел.

Како што е објавено на официјалната интернет страница, почетната цена на овој модел ќе изнесува 3.990.000 унгарски форинти што е 10.925 евра.

Сепак за да го купите овој автомобил по оваа цена ќе ви биде потребно малку повеќе среќа. Како што е наведено во соопштението по оваа цена ќе бидат продадени само 100 примероци, а истите ќе може да ги купат само најбрзите кои ќе направат нарачка со авансна уплата од 275 евра.

Откако ќе се распродадат првите 100 примероци почетната, регуларна цена ќе изнесува 17.770 евра.

Повеќе за овој модел прочитајте ТУКА.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK