Само за експедициите на Јужен пол: Претставено електричното возило „Antarctica“

ОБЈАВЕНО НА:

Прототипот 100 проценти електрично возило под називот “Antarctica”, чија цел е помош на експедициите на Јужниот пол е претставен во Монако.

На официјалната презентација во Кнежевската палата, на која присуствуваше и главниот иницијатор на целиот наста Принцот Алберт Втори, беше најавено дека  “Antarctica” прво ќе биде испратена во експедиција низ Канада под името „Враќање на Telegraph Creek”. Воедно тоа ќе биде првиот голем тест за Antarcticа.

Станува збор за возило со гасеница кое е произведено од компанијата Venturi Automobiles. Експедицијата во Канада би требало да биде извршена на 6 и 7 март во 2019 година.

„Кога во 2009 година посетив дваесетина станици на Антарктикот, кои се занимаваат со значителни истражувања утврдив дека ниту една од нив нема „вистинско“ возило со кое научниците би можеле да се возат, да го пренесуваат потребниот материјал, па дури и кога се работеше за мала далечина. За тоа тогаш никој не размислуваше. Се работи за специфично подрачје, но ако успееме да создадеме корисни електрични возила кои се отпорни на ниски температури тогаш ќе можеме да ги користиме и во други цели, па дури и во воени“, изјави Принцот Алберт.

Директорот на Venturi Automobiles, Гилто Пастор се фалеше со отпорност на акумулаторот на “Antarcticа” на голем студ и температури кои понекогаш достигнуваат и до 50 степени под нулата и рече дека се многу константни благодарение на иновациските решенија.

Тежи два тона

Гасеничарот со портокалова боја е тежок два тона, а во исто време може да пренесе најмногу три лица, торби и друга опрема.

Далечината од 42 километри меѓу канадското езеро Deak и Telegraph Creeka, крајниот дел дел од експедицијата возилото ќе ја мине со брзина од 20 км/ч.

„Акумулаторот на Antarctica“ ќе може да се полни благодарение на соларните плочи и агрегатите на ветер, на пример на белгиската станица за научни истражувања ’Принцеза Елизабета’, која се наоѓа во близина“, вели потпретседателот на Фондацијата FPA2, Бернар Футрие.

По завршувањето на мисијата во Канада, Antarctica Ќе биде испратена на Антарктикот каде ќе им помогне на научниците во пристапот на подрачјата кои ги проучуваат.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK