Само за „aлфистите“ – Tonale Coupe

ОБЈАВЕНО НА:

Жан Филип Импарато пред неколку денови изјави дека квалитетот на автомобилите на Alfa Romeo е на исто ниво со оној на германските производи. Сепак за да може да конкурира на германските производи, Alfa Romeo мора значително да ја збогати својата понуда.

Тоа подразбира не само нови SUV како Tonale, Brennero, туку и нивни најразлични изведби. Една таква е и купе изведбата на кросоверот Tonale кој доаѓа на почетокот на следната година.

Овој рендер го подготви Мирко Дел Прете и веднаш наиде на позитивни реакции кај сите вљубеници во овој италијански бренд. Пренесувајќи го рендерот, некои италијански медиуми специјализирани за автомобилизам, наведоа дека за вакво нешто веќе се мисли во рамките на Alfa Romeo и дека во реалноста, еден ваков модел би можел да се појави кон крајот на 2022 или почетокот на 2023 година.

Доколку овој рендер се комерцијализира, тогаш Tonale Coupe ќе биде првиот кросовер-купе возило во понудата на Stellantis.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK