Само на Балканот – Автомобил му испадна на „пајакот“ (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Доколку не се придржувате на прописите особено на тоа каде треба возилото да биде паркирано тогаш покрај казна можете да очекувате и „пајакот“ да го крене, но не на начинот на кој во Ниш беше истото дислоцирано.

Откако жител на овој град во Србија го остави својот автомобил на место каде што тоа не било дозволено на сцена многу брзо стапиле лицата со „пајакот“.

Момците од непозната причина заборавиле да го прицврстат автомобилот за кранот, што резултираше со кревање само на едниот крај и на тој начин го оштетија автомобилот. На видеото во продолжение се гледа како во моментот на снимањето нема никого покрај камионот и автомобилот, па не е познато дали работиците воопшто забележале што направиле.

Покрај тоа што не ја завршиле работата како што треба, веројатно работодавецот ќе им одбие од платата за сета штета која компанијата на крајот мораше да ја подмири. Сето ова било снимено од стрнаа на слуачен минувач кој својата снимка одлучил да ја постави на интернет.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK