Саемот во Детроит се поместува на лето

ОБЈАВЕНО НА:

Од 2020 година Северноамериканскиот меѓународен саем за автомобили во Детроит добива нов термин. Традиционално, изминатите години овој саем се одржуваше во првиот месец од годината, но од 2020 година ќе се одржува на лето.

Како што соопштуваат од организацискиот одмор, уште следната, 2019 година, саемот ќе се одржува во јануари по што ќе се започне со нова традиција, саемот во овој град да се одржува секоја година во јуни. За првиот летен саем веќе е познат терминот и тој ќе започне на 8 јуни 2020 година.

Покрај во терминот, промена има и во концептот. Наместо традиционален саем, организаторите планираат по интерактивни изложби во кои активно ќе бидат вклучени и посетителите. Планирани се и изложби на отворено на повеќе место во градот со што организаторите сметаат дека ќе го направат овој саем попривлечен и поконкурентен на останатите саеми за автомобили.

Инаку првиот авто саем во Детроит е одржан во 1907 година и по саемот во Њујорк е најстариот авто саем во Северна Америка.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK