Saab се враќа како електричен NEVS

ОБЈАВЕНО НА:

Веќе неколку години откако Saab прогласи банкрот доаѓаат добри вести за љубителите на овој шведски производител.

Имено, најпознатиот модел на овој шведски производител, моделот 9-3 влезе повторно во производство и тоа како електричен автомобил. Најзаслужна за тоа е NEVS (National Electric Vehicle Sweden) компанијата која е основана во 2012 година, а 51% од акциите поседува кинеската компанија Evergrande Group.

Токму и производството на овој автомобил започна во Тианџин, Кина, а се очекува на годишно ниво да се произведуваат 50 илјади автомобили.

Иако најпрво ќе се продава само во Кина, според плановите, овој автомобил се очекува да се појави и во другите азијски земји како и Европа.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK