Руска работа: Ем Tesla, ем Mustang

ОБЈАВЕНО НА:

Руската компанија Aviar Motors ги објави првите фотографии на електромобилот R67, изграден на база на Tesla Model S, но со надворешност на класичниот Ford Mustang. Овој автомобил ќе биде произведен во тираж од 36 примероци со основна цена од 462.000 долари (410.773 евра).

Каросеријата е изработена од јагледорни влакна по проект на дизајнерското студио на Антон Кужилни, а за инженерството и изработката одговара конструкторското биро „Архипов”.

Првиот Aviar R67 ќе биде завршен уште во текот на оваа година, ќе има сопствен идентификациски број и сертификат за безбедност.

Рускиот Mustang ќе располага со моќност од 840 коњски сили и вртежен момент од 967 Нм. Тоа е значително повеќе од донаторот Tesla Model S, кој бараше копирање на управувачкиот софтвер. Баранаа километража е 507 километри, а забрзувањето до 100 км/ч е за 2,2 секунди.

Оригиналната карактеристика на Aviar R67 (бројките во името се повикување на оригиналниот Mustang од 1967 години) се електронски управуваниот спојлер, кој се активира автоматски при брзина над 120 км/ч, пневматската суспезија со можност за регулирање на клиренсот во распон од 119 до 192 мм и надворешниот звучен систем кој го имитира звукот на бензински V8.

До крајот на оваа година Aviar Motors, кој сè уште нема правна регистрација, планира да произведе три примероци од R67.

Во 2020 година тиражот ќе биде зголемен на десет примероци, а во 2021 на 24.

Изработката на секој електромобил одзема пола година, но од почетокот на 2020 година рокот ќе биде намален двојно.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK