Русите го открија изгледот на новата Skoda Octavia

ОБЈАВЕНО НА:

На саемот за автомобили закажан за во септември во Франкфурт ќе се одржи светската премиера на продукцискиот модел од новата генерација на Skoda Octavia, од претходно потврдија официјалните претставници на чешкиот производител.

Во пресрет на премиерата на интернет просторот се појавија најразлични рендери за можниот изглед, а последен во низата доаѓа од Русија.

Од рендерот може да се забележи дека формата е идентична како и кај сегашната генерација. Значителна измена има кај задните светла кои се инспирирани од моделот Scala, а изменет е и задниот браник. Предниот дел е различен од досегашните измени. Најистакната е предната маска која е значително зголемена и потсеќа на BMW серија 7.

Å koda Octavia

Octavia е најрепрезентативниот модел на чешкиот производител во последните две децении. За прв пат се појавува во ноември 1996 година кога започна со производството во фабриката во Млада Болеслав. Втората генерација доаѓа во 2004 година додека актуелната за прв пат беше воведена во 2013 година.

Почетокот на продажбата е закажана за почетокот на 2020 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK