Руcија има конкуренција за Tеslа

ОБЈАВЕНО НА:

Инженерскиот центар СоmpMесhLаb во Санкт Петерсбург се подготвува да пушти во сериско производство нов електромобил. СML Саr може да се појави на пазарот до крајот на годината, но според планот продажбите ќе почнат прво во Европа пореди недоволниот број на станици за полнење во Русија.

Во моментов проектот се наоѓа во фаза на индустриски прототип. Развојот на СML Саr одзеде две години, низ кои се спроведени многу виртуелни испитувања и краш тестови на дигиталните модели.

Макетата на СML Саr била покажана и на претседателот на Русија, Владимир Путин уште во 2018 година. Тогаш од СоmpMесhLаb пред Путин било објавено дека електромобилот ќе биде полесен и енергопоефективен од возилата од Западот кои се слични.

Сериската верзија на СML Саr се опишува како градски кросовер со каросерија од јаглеродни влакна, титан и алуминиум. И покрај тоа што се произведува во големи серии, изгледот на руската Tesla ќе можеда се менува според вкусот на сопственикот. Техничките карактеристики сè уште се чуваат во тајност.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK