Rimac на оглас бара работници од Македонија

ОБЈАВЕНО НА:

Најбрзорастечката хрватска компанија и една од најпросперитетните компании во автомобилската индустрија, Rimac Automobili објави оглас за вработување на лица од Македонија.

Во првиот оглас објавен во Македонија, оваа компанија бара механички инжинер за работа во Света Недела, Хрватска. Идеалниот кандидат треба да има минимум една година професионално искуство, добро знаење за производствената технологија, разбирање на електро-механичките компоненти и слично.

Во огласот се наведува дека клучни барања се напредно познавања на CAD софтвер, термални анализи, доброз познавање на англиски јазик како и соодветна диплома.

Целосниот оглас можете да го погледнете ТУКА.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK