Rettmobil 2019: Модели на Opel за неограничена мобилност

ОБЈАВЕНО НА:

Од 15 до 17 мај во Фулда во Германија се одржи изложба на RETTmobil 2019. Целта на истата е да се помогне на компаниите кои ќе учествуваат да го презентираат и да го рашират бизнисот во насока на спасувачки активности и мобилност за луѓето со попреченост.

Мобилноста е неопходна за луѓето со ограничена подвижност за да можат подобро да се справат во секојдневниот живот. На RETTmobil Opel ќе се покаже како може да се преобразат нивните возила на тој начин што ќе ги задоволат потребите на луѓето кои користат инвалидски колички.

Првпат Opel ја претстави новата Zafira Life (Живот) за лица со посебни потреби. На штандот на компанијата беше изложен и модифицираниот Combo Life, кој слично на Zafira, се нуди во преработка на експертите за конверзија на AMF-Bruns. Влегувањето во автомобил е олеснето поради широкиот отвор за инвалидски колички со стандардна целосно алуминиумска рамка.

Слично на Combo Life и Zafira Life има модифициран заден дел со спуштена стандардна целосно алуминиумска рампа. Трансформацијата на возилото за лица со посебни потреби е достапна и за Zafira Life Large. И двете варијанти се нудат во со пет и со седум седишта. Истата пренамена се нуди и за Opel Movano, но со понизок заден дел и рампа за корисници на инвалидски колички.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK