Рендер за легендарното Fiat Coupe (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Се сеќавате ли на моделот Coupe на Fiat? Ова спортско купе се произведувало во Торино во периодот од 1993 до 2000 година. Овој модел својата популарност ја доживеа особено кај малдата популација кој сакаше спортски автомобил за релативно помалку пари, барем во споредба со конкуренцијата.

Особено популарен прерасна со комерцијалните реклами во која главната улога покрај овој модел ја имаше и Михаел Шумахер.

Е сега, по 20 години од послено произведениот примерок, дизајнерот Гаспаре Контичели направи рендер од тоа како би изгледал овој модел во својата втора генерација.

За жал, Fiat не планира во наредниот период да воведе ваков модел, но еве шанса овој рендер да ги предомисли раководните лица на италијанскиот производител.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK