Renault со рекордна продажба во Франција

ОБЈАВЕНО НА:

Француската групација Renault преку соопштение објави рекордна продажба во Франција годинава. Како што соопштуваат од францускиот производител, во поглед на годишната продажба во последните осум години, 2018 е рекордна според продадените возила.

Растот на продажбата на нови автомобили во Франција од 6.3% во првите девет години придонесе за Renault Групацијата да оствари продажба од 531.107 возила што претставува 26.6% од вкупно продадените автомобили на овој пазар годинава.

Од оваа бројка, 428.768 се патнички автомобили што претставува зголемување од 7.5% во однос на истиот период годината што воедно е и најдобра бројка во последните години. Рекордот сеуште е запишан пред осум години кога за првите девет месеци биле продадени 531.541 возило. Најголем дел, или 428.768 од продадените автомобили се од брендот Renault додека преостанатите се од брендот на Dacia.

За доминацијата на Renault се погрижија Twingo, Clio, talisman и Espace кои се лидери во своите пазарни сегменти, а одлична продажба забележија и останатите модели пред се Captur, Sandero, Megane и Duster. Со продадени 10.840 автомобили и Renault ZOE се најде на лидерската позиција во сегментот на мали електрични автомобили.

Своето задоволство од овие продажни перформанси ги искажа и Филип Бурос, директорот за продажба во Франција кој додаде дека Renault Групација ги искористила сите предности од растот на францускиот пазар на автомобили оваа година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK