Renault со пад на приходите во првиот квартал

ОБЈАВЕНО НА:

Еден од најголемите светски производители на автомобили, француски Renault во првиот квартал годинава забележа пад на приходите за 4,8 отсто. Од официјалните финансиски извештаи може да се забележи дека приходот во однос на првиот квартал минатата година падна за 4,8% и сега изнесува 12,53 милијарди евра. Во истиот период минатата година приходот изнесувал 13,15 милијарди евра.

Очекувано, пад е забележан и во испораката на нови автомобили. Така таа е намалена за 5,6% и изнесува 908.348 нови автомобили. Падот е забележан во сите региони надвор од Европа, а на “Стариот континент” е забележан благ пораст од 2%.

Сепак аналитичарите сметаат дека продажбата ќе се подобри во наредниот квартал и тоа благодарение на подновениот Dacia Duster како и новиот Renault Clio.