Renault подготвува два електромодели во ретро стил

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Renault наскоро може да понуди нови модели со целосно електричен погон. Новиот раководител на брендот, Лука де Мео ќе ја објави стратегијата за понатамошниот развој на брендот но шпекулациите веќе почнаа да се појавуваат.

Според инсајдери, топ менаџерот размислува за можноста да оживее некои историски модели под формата на електрични возила. Конкретно Renault 4 и Renault 5, кои беа добро познати и успешни модели во свое време.

Првиот модел, кој пристига е електричниот автомобил, кој дава почит на Renault 4 од 60-те години, модел кој сериозно и помагаше на активната моторизација на Франција во тоа време. Koлку новитетот ќе наликува на оригиналот, сè уште не е познато. Тоа може да биде или буџетски електромобил или стилски моден модел сличен на Mini.

Подоцна, новото Renault 5 ќе се најде на пазарот. Порано раководителот на компанијата изјави дека и покрај намалувањето на трошоците, брендот Alpine има спортска иднина. Таа ќе прерасне во основниот спортски бренд и ќе се натпеварува дури и за победа на 24 часа Ле Ман. Се зборува и дека Alpine развива спортски верзии на избрани модели на Renault.

Лука де Мео исто така порано рече дека сака да се фокусира на трговски интересни модели и сегменти. Тоа може да ја означи појавата на нов компактен електричен кросовер, базиран на минатогодишниот концепт на Renault Megane eVision. Исто така веќе е познато за откажувањето на производството поради загуба на популарноста на моделите Talisman, Scenic и Espace.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK