Renault почна да прима резервации за Arkana

ОБЈАВЕНО НА:

Oд компанијата Renault објави дека дека од 10 март продавачите во Франција ќе почнат да примаат резервации за купување на целосно новиот модел  – Arkana, за која од фирмата потенцираат дека е првиот спортски теренец на производителот.

Со динамичен дизајн, просторна внатрешност и исклучително богата технолошка поддршка, Arkana веќе може да се пофали и со врвна оценка од пет ѕвезди за безбедност, која му се нуди на возачот, неговите сопатници и другите учесници во сообраќајот, дадена од независната организација Euro NCAP.

Renault Arkana, чија основна цена е утврдена на 29.700 евра во Франција е дефинирана од францускиот бренд како хибриден автомобил – не само поради разновидноста на електрифицирани погонски системи, туку и поради целокупниот стил и применливост, развиени и благодарение на клиренсот од 200 мм од патот.

Arkana дебитира на европскиот пазар не само како еден многу разновиден и различен автомобил, туку и како хај-тек. Во исто време е достапен и корисен товарен обем од 513 литри, што може да биде зголемено со преклопување на седиштето.

Во опремата на Arkana можат да има 10,2-инчни инструментален панел во комбинација со 9.3-инчен централен дисплеј, Easy connect синхронизација со Apple Car Play, Android Auto, Google Search, можност за надградба на вгрдениот систем преку водух (over-the-air), адаптивен систем MULTI-SENSE за внатрешноста и однесувњето на автомобилот и други.

Во однос на бебедносните системи за зголемување на безбедноста Renault ARKANA доаѓа со најдоброто, што го нуди францускиот бренд. Тука е забележано присуство на асистентот на управувачот, адаптивна контрола, автоматско осветлувње, автоматско активирање на системот за запирање во случај на опасност од удар, систем за одржување во лента, видео надзор околу целото возило, паркинг асистент и други.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK